Следете нè на:

Фудбал

Нова трансфер бомба на Динамо – 10 милиони од голман?

  • 7564 прегледи

Милан загриза за Доминик Ливаковиќ.

Десетина милиони секоја сезона. Стандард кој на Максимир одамна го поставија уште кога првенствено ги продадо Марко Пјаца и Јосип Брекало кога заработија 41.150 милиони евра.

Тогаш заминаа Марко Рог, Филип Бендовиќ, Дани Олмо, Јошко Гвардиол…Сите за осмоцифрена оштета.

А сега во таа група може и Доминик Ливаковиќ, бидејќи Милан го гледа како кандидат да го замени Џанлуиџи Донарума.

Миланскиот весник потсетува дека Росонерите не успеваат со менаџерот Мино Раиола да се договорат околу новиот договор, кој истекува на крајот од сезоната. Последната понуда од клубот изнесува 8 милиони евра нето по сезона,  2 милиони повеќе од што Донарума има сега. Раиола не сака да оди под 10 милиони евра, бара договор на само два или три години, фиксна откупна клаузула која на Милан ништо не би гарантирала.

И нормално, бара голема провизија, дури 25 милиони само за Донарума да потпише. Поедини медиуми дури шпекулираат дека позади се стојат пријатели на Раиола, Павел Недвед и Андреа Ањели. Се за Донарума да го доведат во Торино за плата од 12 или 13 милиони евра по сезона.

Милан тие пари ги нема и пополека подготвуваат план Б. На сите им е јасно дека Чипријан Татарушану не е доволно квалитетен да биде прва опција на голот. Хуан Мусо од Удинезе и Мајк Манјан од Лил се прескапи за Росонерите, бидејќи не чинат помалку од 25 милиони евра што е премногу за голман.

Аталанта тешко ќе го пушти Пјерлуиџи Голини во таборот на директниот конкурент во борба за Лига на шампионите.

Реални опции се Алекс Мерет од Наполи, со тоа што тој не ја убеди управата на Милан дека е вистинско решение, и споменатиот Ливаковиќ. Блеска во Загреб, а има откупна клаузула од 10 милиони евра што е во финансиски домет на Милан.

Динамо во јануари за 3 милиони евра веќе го доведе Иван Невестиќ од Ријека.

Платата на Ливаковиќ во Динамо, пренесува сајтот Германијак, изнесува околу 600 илјади евра годишно и дури ако Росонерите го ангажираат нема да биде преголемо оптеретување за клубот.

Патот до потпис е нормално уште далеку, но – има чад.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал