Следете нè на:

Фудбал

Нови информации – Роналдо и Јувентус имаат судир на интереси!

  • 95 прегледи

Каков ќе биде исходот?

Потпретседателот на фудбалскиот клуб Јувентус Павел Недвед е уверен дека португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ќе остане во редовите на „Старата дама“.

Воочи натпреварот со Удинезе и Јувентус се појавија информации дека Кристијано Роналдо има желба да го напушти Торино ова лето. Тој не се најде во стартните 11 на Масимилијано Алегри од причини, како што се наведува, бидејќи гледа опции за трансфер, па заеднички договор дојдоа до решение Португалецот да биде на клупа.

Меѓутоа, од врвот на Јувентус стигна друго решение. Имено, потпретседателот на Јувентус Павел Недвед вели дека ваквата ситуација е нормална.

„Ова одлука ја донесовме заедно со Роналдо. Тоа е нормално и Роналдо 100 % ќе остане“, уверен е Недвед.

Да потсетиме, Роналдо не играше ни во контролниот меч на Јувентус пред неколку дена против нивниот втор состав, а од клубот соопштија дека работи по посебен режим со цел да биде спремен за дуелот со Удинезе.

Значи, Роналдо сака да замине или, го уценува Јувентус со одредени услови бидејќи знаеме дека Масимилијано е цврст во своите ставови и дека имале мали конфликти во минатото. Се ова шпекулации, расплетот сите го очекуваме.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал