Следете нè на:

Фудбал

Официјално: Милан го доведе првото засилување! Уште стопер и Манџукиќ за 1.8 милиони евра

  • 2399 прегледи

Решено е прашањето за последниот играч за врска.

Милан конечно го доведе првото засилување ова зима.

Нов член на Росонерите е францускиот играч за врска Салидо Меите. Игра како централен играч за врска и последен играч за врска, а стигна од Торино на позајмица од 1м € плус опција за Милан да може да го откупи наредното лето за дополнителни 7 милиони евра и бонуси од 1 м €.

Долго Милан луташе во потрага за засилување во средниот ред каде што преголем терен падна на само четири играчи (Кеси, Бенасер, Тонали и Круниќ) кои се ротираат за две стартни места па повремено мораше да игра и десниот бек Калабрија. Прва желба на Росонерите беше Бубакари Сумаре од Лил но беше прескап (35 милиони евра). Опција Б беше 19-годишниот Куаде Коне од Тулуз околу кој Росонерите се ценкаа со денови, за пред нос да им го украде Борусија Мехенгладбах со понуда од 10 милиониевра за трансфер за следното лето, а до тогаш Коне ќе остане на позајмица во Тулуз.

И така Милан тргна кон Торино и Суалихо Меите кој пред две и пол гоидини стигна во Серија А од Монако за 11.5 милиони евра. Беше стандарден, одигра 94 меча, собра 6 650 минути и страна еден од ценетите последни играч за врска. Статистичките податоци велат дека со Бенасер и Де Паул беше единствен играч во Серија А кој во претходните три сезони во Серија1 А имаше 60 пресечени пасови и 100 дриблинзи. Во многу статистички категории како пас игра и дуел игра е меѓу десет најдобри играчи за врска. Поради тоа и веројатно го привлече вниманието на Росонерите.

На Меите сега ќе биде до крајот на сезоната да се избори за постојан ангажман во Милан и да ги натера Росонерите да го откупат. Секако дека ќе  биде од големо значење на тренерот Пиоли за ротација во средниот ред. Можеби веќе во следниот меч на Сардинија со оглед дека Бенасер е повреден, а Круниќ е позитивен на корона вирус.

Меите нема да биде единствено засилување на Росонерите ова зима. Се чека стопер и напаѓач.

Главна мета за стопер беше Мохамед Симакан од Стразбур но не дојде до договор. Милан нудеше 14 милиони и 3 милиони низ бонуси, Стразбур инсистираше на 20 милиони евра, потоа се вклучи и Лајпциг а на крајот играчот се повреди и ќе отсуствува од теренот два месеци. Ако не замине во Лајпциг како наследник на Упамекано, можно е Симакан наредното лето да дојде во Милан.

Росонерите се свртија на друга мета за стопер и во прв плат излезе позајмица на Фикајо Томори од Челси. Со опција да го откупа на лето за 30 милиони евра. Него Лампард целосно го пречкрта и му се бара клуб, па можно е да се пресели на позајмица на Сан Сиро. Со што се мали шансите за Милан на лето да ја плати споменатата откупна цена. Томори го бара и Њукасл, но тој има вербален договор со Росонерите и сака на Сан Сиро. Крајна алтернатива за стопер е Лоик Балде од Ленс.

А блиску до Милан е и хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ кој е слободен после раскин на договорот со катарскиот Ал Духаил, а последен натпреварувачки меч одигра пред 10 месеци. Него Паоло Малдини лично го повика и имаат усмен договор. Хрватот прифати на шестмесечен договор вреден 1.8 милиони евра а останува да направи уште некои физички и лекарски тестови со цел да го увери Милан дека Хрватот е во добра состојба со оглед на долгата пауза. Манџукиќ поради Милан одби четири други понуди меѓу кои беа беа тие од Бешикташ, ЦСКА Москва, Селта…

Тоа би било се од Милан за овој преоден рок, а што се однесува до заминувања, се работи на позајмица на десниот бек Андреа Конти кој го сакаат Парма и Фиорентина.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал