Следете нè на:

Фудбал

Перез и Ал Келаифи, состанок на највисоко ниво, паднаа три ветувања

  • 72 прегледи

Така барем тврди француски Екип.

Со едните во војна, со другите во љубов. Голема љубов. Така изгледаат односите Пари Сен Жермен со двата шпански гиганти. И не е тоа некаква тајна, добро се познати релациите ПСЖ со Барселона и Реал Мадрид, меѓутоа француски Екип во денешното изндание донесува информација како Флорентино Перез и Насер Ал Келаифи имале многу конструктивен состанок чија цел беше за пријателството да се зацврсти.

Претставниците на двата клуба разговарале за потенцијалните трансфери на Серхио Рамос и Килијам Мбапе, или поконкретно: се договориле еден со друг да не ги крадат споменатите играчи. Францускиот весник пишува дека Ал Келаифи ветил на својот колега дека нема да влијае на Рамос на било каков начин се додека овој дефинитивно не ја одбие понудата на Мадриѓаните за  продолжување на договорот.  Исто така, Перез се обврзал дека нема да испраќа никакви понуди до Мбапе додека овој не соопштил на челниците на ПСЖ дека не сака да остане. Што уште не се случи, потсетува Екип.

Значи, дури кога двајцата играчи ќе бидат решени и официјално ќе побараат да заминат (ако побараат), клубовите ќе можат да тргнат во акција. Влијателниот весник го наведува овој дуел и епилог како џентлменски договор.

Да потсетиме, Реал и ПСЖ веќе со години имаат одлични односи. Ништо не работат едните на другите позади грб и овој дуел меѓу Перез и Ал Келаифи тоа го потврдува.

Од состанокот исплива уште еден детал. Ал Келаифи наводно ветил на Перез и дека ќе има предност при преговарање околу Килијан Мбапе, ако дојде до тоа. Суштински, во прашање е некој вид на првенствено право на купивање, кое, се разбира, не е ставен на документ. Се работи исто така за усмен договор.

Екип уште потсетува дека ПСЖ за лето планира два грандиозни потписи – Лионел Меси и Серхио Рамос. Нивните плати ќе ги подигнат трошоците до него, што може да доведе до заминување на Мбапе.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал