Следете нè на:

Фудбал

Перез се пресмета, тројца за Мбапе!

  • 140 прегледи

Вака ќе се затвори трансферот.

Реал Мадрид состави план, пишувавме за доведувањето на слободниот агент Погба, како и можносите за во наредното лето да се плати клаузулата и да се искористи желбата на Халанд да се пресели во Мадрид.

Сепак, прва мета е Мбапе. Тој судејќи според се ќе остане во Париз уште ова сезона да го одработи договорот и тогаш како слободен играч да го исполни сонот и да го облечи дресот на Реал.

Флорентино Перез има јасен план, тој сочува пари, продажба на играчи во минатите години направи буџет за засилувања во пост-пандемијата, па наредното лето тимот ќе доживее трансформација која веќе почна со доведувањето на Давид Алаба.

Пари, односно простор за фантастичен напаѓач ќе ослободат играчи на коишто уште 12 месеци истекуваат договорите.

Клубот ќе го напуштат, Бејл, Иско и Марсело, комбинирано тоа е 33 милиони евра колку Велшанецот, Шпанецот и Бразилецот заработуваат. Тоа ќе биде повеќе од доволно за Мбапе, а остатокот на парите после намалување на платниот список и заминувања евентуално на уште некои играчи како Јовиќ или Маријано, можеби и Модриќ ќе бидат вложени во платата на Пол Погба кој како и Халанд го сонува дресот на „Лос Бланкоси“.

Да потсетиме, Варан и Рамос го ослободија платниот простор, но Алаба ја зеде капитенската плата, а Одегард кој е на вратите од Арсенал кој заработуваше нешто повеќе од три милиони годишно.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал