Следете нè на:

Фудбал

Пет причини зошто на 30 август Мбапе може да замине во историјата на фудбалот!

  • 82 прегледи

Што ќе се случи за осум дена?

Килијан Мбапе и понатака чека, шпанските медиуми во свој стил го туркаат трансферот, а ќе видиме дали конечниот расплет ќе следи до 30 август, во понеделник претпоследниот ден од преодниот рок.

Кои пет работи ги доведуваат изворите блиски до клубот до овој заклучок:

  • Ал Келаифи и Перез имаат одлични односи, Реал не направи ниту еден погрешен чекор, а претседателот на Мадриѓаните е човек кој има директна врска со Доха, не е фудбалот веќе деловни интереси се во прашање. Поради тоа сосема е можо за трансферот да биде договорен во последните 48 часа.

  • ПСЖ својот последен меч во август, поточно пред репрезентативната пауза го игра на 29 односно за седум дена во Ремс. До тогаш нема да се случи ништо бидејќи Реал не сака да ги повреди интересите на Парижаните.
  • Самиот Мбапе и неговата фамилија ја спуштија топката, иако сакаат да заминат сега, тие молчат, се зборува дека има некое ветување дека Перез ќе направи се за во последните денови од преодниот рок да го доведе во Реал.
  • Во Мадрид се воодушевени од однесувањето на Мбапе кој го издржа целиот притисок и одби да го продолжи договорот иако знае дека во сегашниот клуб може да добие поголема сума на пари отколку во Мадрид. Лос Бланкоси поради тоа ќе направат се за да го доведат, иако може да почекаат 12 месеци и да поминат многу поевтино.

  • Реал има пари, тоа е клучот, заштедите резултираа со буџет за Мбапе. Имено, спремни се да платат околу 130 милиони евр,а со тоа вклучено се и огромните бонуси, со цел да платат оштета на ПСЖ кои во случај да одбијат, наредното лето останува без цент од играчот кој пред четири години го платија 180 милиони на Монако.

Последните два дена од пазарот ќе бидат претворени во чекање на трансферот, ќе видиме дали ПСЖ на крајот и ќе попушти.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал