Следете нè на:

Фудбал

Пиоли: Неверојатно е како Ибра се грижи за своето тело, играчите се тркаат кој прв ќе дојде на тренинг

  • 51 прегледи

Фудбалерите на Милан се вратија на чело на табелата на Серија А и тоа во доминантен манир. Убедливо го совладаа Кротоне (4:0), по два погодоци постигнаа Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ. Искусниот Швеѓанец дојде до својот 501 гол во клупската кариера, а тренерот на Росонерите Стефано Пиоли се надева дека и во наредната сезона ќе го има 39-годишниот напаѓач на располагање.

Ибрахимовиќ постигна досега 12 погодоци во лигата ова сеозна, па и во поодминати играчки години докажува дека припаѓа на кремот на европскиот фудбал.

„Кога го гледате Ибра како тренира, не можете да бидете изненадени. Тој е шампион. Тешко е да се одржувате во таква форма. Кога е спремен и кога ги почнува мечевите, речиси секогаш постигнува по два гола, но тој е едноставно таков“.

После постигнувањето на вториот погодок испрати незапирливиот Ибра и порака до Паоло Малдини и Рики Масара. Како со прсти да покажа „одиме повторно“, а тогаш кон лошата во која седеа директорите на Росонерите покажа еден прст, потоа два. Можеби мислеше на двата постигнати голови, но италијанските медиуми тоа го сфатија како да сака уште една година или две на Сан Сиро. Актуелната соработка му истекува на крајот од тековната сезона.

„Златан е среќен со нас и мислам дека е најдобра работа за ова екипа што е среќна. Во големи клубови, сите сакаат да направат нешто добро и мислам дека е исправно да продолжи да игра и тоа да го направи со нас. Тој е секогаш високо мотивиран, неверојатно е како се грижи за своето тело, од исхрана до опоравување. Уморен е, но не можете да останете така долго на ова ниво ако не се грижите за себе. Овие денови играчите се тркаат кој порано ќе стигне и ќе замине последен. Уживаме и сакаме да го дадеме својот максимум“, изјави Стефано Пиоли.

Интер помина две ноќи на чело на табелата, но повторно гледа во грбот на градскиот ривал, Пиоли сепак не размислува за титула.

„Мотивација мора да ни биде да го добиваме секој меч. Смесни сме за своите можности, па така сме задоволни кога ќе запишеме победа, но прерано е да се гледа табелата. Мораме да одиме натпревар по натпревар, свесни сме дека пред нас е тежок период со Лига Европа и натпревари на секои три дена“.

За две недели на програмата е и дербито Мадонина, кој може да одговори на бројни прашања во трката за титулата.

„Лигата е добро избалансирана и многу клубови се само на неколку бода разлика. Тврдам дека и понатака првите седум екипи можат до скудетото или до места кои водат во Лига на шампионите. Свесни сме дека како времето одминува резултатите ќе станат уште позначајни, но сакаме да одиме меч по меч“, заклучи тренерот на Милан.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал