Следете нè на:

Фудбал

Пјаниќ одеднаш има ПЕТ понуди?

  • 99 прегледи

И сите од иста земја?

Миралем Пјаниќ дефинитивно ќе ја напушти Барселона до крајот од преодниот рок.

Роналд Куман го изостави репрезентативецот на БиХ од двата натпревари од страртот на сезоната, но и пред тоа беше јасно дека не е во плановите на холандскиот тренер.

Доверливи извори денеска пишува дека неговите агенти забрзано преговараат околу враќање во Италија, а Пјаниќ од Серија А го сакаат дури пет клубови! Во прашање се – Јувентус, Интер, Милан, Наполи и Фиорентина.

Желба на Пјаниќ е враќање во Јувентус, но тоа ќе стане опција само ако до крајот на преодниот рик замине Арон Рамзи, што и понатака е малку веројатно.

Наполи денеска се вклучи во трката, Лучано Спалети наводно лично го повикал Пјаниќ да се увери дека Неапол е вистинско место за него.

Фиорентина исто така влезе во трката, не може да му гарантира борба за врвот како останатите тимови, а му нудат 50 % помала плата од таа што ја има во Барселона.

Интер и Милан моментално звучат како најмалку веројатни опции, но да почекаме, делува дека е невозможно Пјаниќ да не се врати во Италија, само прашање во кој клуб.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал