Следете нè на:

Фудбал

Подготвени за бомба? ПСЖ прифаќа да го продаде Мбапе, бидејќи доведува одмаи замена!

  • 140 прегледи

Што не чека во последните осум дена!

Преодниот рок трае до наредниот вторник, а делува дека вистинскиот хаос допрва претстои, бидејќи еде нод најдоверливите извори од Франција јавија дека ПСЖ чека понуда за Килијан Мбапе.

Радио Монте Карло тврди дека ПСЖ сепак ќе сослуша понуди за Килијан Мбапе, но и дека од Реал не е единствена, бидејќи во трката се вклучени и поедини клубови од Премиер лигата. Меѓутоа, како што целиот свет знае дека Мбапе сака само во Реал Мадрид, ова делува како „спин“ за Флорентино Перез да ја стави раката во џебот што подлабоко.

Мбапе ги одби сите понуди од Пари Сен Жермен за продолжување на соработката и упорно инсистира на свое заминување и покрај тоа што клубот оствари еден од најдобрите преодни рокови во историјата. Мбапе не е во најдобри односи со спортскиот директор Леонардо поради него најмногу и сака да го напушти Париз, но и смета дека е време за после четири години да го напушти родниот град.

ПСЖ нема да седи со скрстени раце, напротив, Радио Монте Карло истовремено тврди дека замената за Мбапе, ни малку ни повеќе е – Ричарлисон!

Бразилецот направи сериозен исчекор во Евертон, еден од најдобрите на својата позиција во Премиер лигата, не е евтин, но ПСЖ нема да има проблем да го плати неговиот трансфер ако заработи 150 милиони од Мбапе.

ПСЖ чека официјална понуда, ако таа стигне на адреса, шансата за Мбапе ова лето да замине се големи, заклучува Радио Монте Карло, па така, подгответе се за уште една бомба до крајот на преодниот рок!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал