Следете нè на:

Фудбал

„Поради Арсенал двапати го одбив Реал“

  • 28 прегледи

Легендарниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер помина на клупата на „Топџиите“ 22 години и остави голем белег, а призна дека во текот на стажот во Лондон имал понуди од тим за кој навивал уште кога бил дете – славниот мадридски Реал.

По богатата кариера во текот на која ги водеше Нанси, Монако, Нагоја и Арсенал, Венгер во моментов е на позицијата шеф на глобалниот развој на фудбалот во организацијата на ФИФА.

„Кога бев дете Реал беше тим за кој навивав. Пораснав гледајќи ги Ди Стефано, Пушкаш, Копа, Сантимарија, Хенто. Тие ме импресионираа. Многу го сакав Реал, а во текот на својата кариера имав шанса често да бидеме противници“, рече 71 годишниот Арсен Венгер.

„Многу ми се допаѓа атмосферата околу Реал. Сакам кога стадионот е во центарот на градот. Тој тогаш е неизбежен дел од човечкиот живот. Фудбалот е срцето на градот, а тоа за мене се Реал и Сантијаго Бернабеу“, изјави славниот француски стручнак.

Двапати скоро отидов во Реал. Нема многу луѓе кои можат тоа да го кажат, но јас бев вклучен во проектот за изградба на нов стадион кој ќе го замени Хајбери и тој проект мораше да биде исполнет. Се сами плативме, не добивме помош од никого. Ние плативме за тоа со нашите игри на терен и продажба на играчи што ги купивме за малку пари. Поради тоа не заминав во Шпанија, морав да ја завршам работата“, заклучи францускиот тренер.

За време на мандатот на Венгер, Арсенал беше трикратен шампион на Англија и освои дури седум ФА купови. Нивниот најголем успех во Лигата на шампионите беше финалето во 2006 година, кога загубија од Барселона.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал