Следете нè на:

Фудбал

Пресврт во врска со Куман – Лапорта сепак има друго решение?

  • 29 прегледи

Кој ќе биде тренер на Барселона во наредната сезона.

Тренерот на Барселона Роналд Куман нема сигурно место на клупата на „Блауграната“ за наредната сезона, како што делуваше дека ќе биде.

Успесите нема да бидат мерило во врска со иднината на Роналд Куман во Барселона. Многу членови на управата на клубот се против тоа за Холанѓанецот да остане тренер на Каталонците и наредната сезона и се верува дека најдобро за Барса би било во новата сезона да влезе со нов тренер, наведува новинар близок од екипата од Ноу Камп Мои Љоренс.

Без оглед на тоа дали Барса на крајот од сезоната сепак ќе стане шампион, тоа нема да биде гарант за негово останување покрај тоа што Куман веќе прави планови за наредната сезона и влез во „трансфер пазарот“.

Наводно, најголема причина за такво нешто е стилот на игра на Куман, како што се наведува, нема поддршка од поголем дел од управата и не се вклопува во целите на Барселона.

Последниот збор, нормално, ќе го има првиот човек на „блауграната“ Жоан Лапорта, кој неодамна јавно пружи поддршка на својот стратег, но не е тајна дека беше многу бесен после поразот на Барселона од Гранада пред неколку недели, што беше шанса за нив да ја преземат челната позиција во шампионатот.

Нема многу слободни опции за Барселона ова лето. Чави Ернандез, кој го сакаат, потпиша нов договор со својот Ал Сад, но речиси нема сомнеж дека легендарниот Шпанец кога-тогаш ќе се придружи на Каталонците, додека Јулијан Нагелсман ќе седне на клупата на Баерн од Минхен.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал