Следете нè на:

Фудбал

ПСЖ го сака и Меси уште двајца од Барса, Каталонците бесни и подготуваат одмазда!

  • 54 прегледи

Парижаните лукави, провокација пред меѓусебниот дуел.

Пари Сен Жермен го сака Лионел Меси и дури тоа не го крие, но тоа не е се, спортскиот директор го сака и Жорди Алба и Емерсон.

Нема недела за некој од Париз не го повика Меси на Паркот на Принцевите, последен тоа го направи Анхел Ди Марија во среда вечер, кога уште траеше натпреварот Гранада – Барселона, пред камерите рече дека се големи шансите Лео да дојде во ПСЖ, но дека мораат да бидат стрпливи.

Тоа не е крај, денеска стигна информација дека Леонардо го сака и Алба, кој го гледа како идеално засилување со Меси и како замена за Хуан Бернт на кого истекува договорот на лето. Цел свет знае каков тандем се Алба и Меси вотекот на минатите години, па ова е уште еден лукав потег на Леонардо.

Исто така, ПСЖ го сака Емерсон, кој во јуни официјално стана играч на Барса, по  истекот на двегодишната позајмица во Бетис. Дури се споменува дека на листата на желби на Леонардо е и Серхи Роберто, на кого му истекува договорот во 2022 година.

Мундо Депортиво, односно новинарот Фернандо Поло, исклучително доверлив и близок до играчите и клубот, пренесе дека во екипта збеснаа на ваквото непочитување, а дополнително масло на огнот додаде сознанието дека во Париз веруваат дека лесно ќе ја исфрлат Барселона од Лига на шампионите.

Меси е посебно лут на сите во Париз кој на овој начин искажуваат непочитување и кон него и кон неговиот тим и Барселона како клуб, и Аргентинецот гледа посебна мотивација во се пред меѓусебниот дуел со Пари Сен Жермен. Тоа се пренесе и на остатокот од екипата, Поло открива дека играчите се мотивирани и дека сакаат да ги победат Парижаните повеќе од било кога и дека на тој начин на најдобар можен начин ќе се одмаздат на „флертувањето“ со Меси.

Може да се каже дека во наредните месец дена ќе покаже дали Барселона е спремна за најголемите предизвици, бидејќи имаат два пеколни двомечи, со Севиља во полуфиналето на Купот на кралот и со Парижаните во Лига на шампионите.

Барселона гостува на Севиља во среда, 10 февруари, па потоа го дочекува ПСЖ на 16 февруари. Реваншот со Севиља е на 3 март, а со Парижаните 10 на Паркот на Принцевите.

Барса ја подигна формата, играчите покажуваат карактер, екипата има никогаш посилен и одлучувачки карактер, но проблем е и дали имаат доволен квалитет да исфрлат два силни ривали во еден од два преостанати натпреварувања каде може да се борат, бидејќи Атлетико замина на +10 со натпревар помалку.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал