Следете нè на:

Фудбал

Раиола го заплаши Јунајтед, кој ќе го замени Пол Погба?

  • 28 прегледи

Црвените ѓаволи се спремни за секое сценарио.

Во едно интервју, Мино Раиола предизвика брановите со наводите дека Пол Погба може да го напушти Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ веќе имаат подготвен список со имиња кои би го замениле во тој случај.

Договорот со Французинот истекува на лето 2022 година, доколку не се постигне договор до крајот на сезоната Јунајтед ќе мора да го продаде ова лето доколку планира да поврати барем дел од вложените пари.

Доколку и тоа се случи, во игра се тројца потенцијални наследници.

Приоритер наводно ќе бидат играчот за врска на Вест Хем Деклан Рајс кој во Лондон заработи и статус на репрезентативец на Англија, но тој би требало да биде и најскапа варијанта.

Се споменува уште и Вифред Ндинди од Лестер, но и Саул Нигез од Атлетико на кого ова не му е прв пат да се доведува во врска со Олд Трафорд.

Сепак, е зависи од Погба, нормално и Мино Раиола.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал