Следете нè на:

Фудбал

Раиола не мирува, подготвува трампа меѓу Милан и Јувентус!

  • 1473 прегледи

Сигурно дека тој ова може да го претвори во дело.

Мино Раиола не мирува, овој пат пробува да договори нов трансфер на својот играч.

Пред година дена го ангажираше Бернардески кој е далеку од некогашната форма во Јувентус, италијанскиот репрезентативец ќе блесне, па долго го нема а и не се снаоѓа какко лев крилен играч во 3-5-2 формација каде Пирло го турка.

Се оживеа приказната за заминуваше, има договор на уште година дена, прима 4 милиони евра по сезона. Повторно е актуелен Милан, Росонерите го нудеа Пакета за него, но ни играчот, ни Јувентус не биле расположени.

Сега ситуацијата е подруга, Раиола пробува да најде договор, за Бернардески да го замени за Ромањоли кој исто така има уште година дена од договорот со Милан и нема преговори за продолжување.

Ромањоли исто така игра многу послабо отколку минатата сезона, двајцата играчи повеќе не се така ценети, веројатно Јувентус ќе доплати некоја ситна пара, со цел да ја истурка трампата.

Ромањоли би бил замена за Киелини, од вакво сценарио се плаши Рома која има 30 % од продажбата на Ромањоли,  ако не биде поголема од 25 милиони евра, со ова Милан ќе избегне да плати на Римјаните.

Кога е Раиола во прашање, нема напредок во преговорите околу договорот на Донарума. Милан не прифаќа на продолжување на договорот од само година дена со цел да се доведе во иста ситуација.

Но, не е дека тие имаат избор затоа што договорот на капитенот истекува ова лето . Ако замине, три голмани се мети, Мусо од Удинезе, Манјан од Лил и Голини од Аталанта.

Но, се верува дека одличниот голман сепак ќе остане, барем ќе го продолжи договорот на две сезони, но Милан ќе мора да вгради клаузула за откуп од 30 милиони евра.

Подобро е тоа, отколку да го загубат без оштета.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал