Следете нè на:

Фудбал

„Секогаш ќе има идиоти кои ќе направат нешто лошо “

  • 29 прегледи

Некогашниот дефанзивец на Ливерпул Џејми Карагер ги критикуваше навивачите на Манчестер Јунајтед кои во неделата предизвикаа инциденти пред и внатре на Олд Трафорд и го спречија одигрувањето на дербито од 34 коло од Премиер лигата со Ливерпул.

Незадоволните приврзаници на Црвените ѓаволи во голем број се собраа пред „Театарот на соништата“ во знак на протест против сопственикот на клубот, фамилијата Глејзер. Навивачите одамна се револтирани, а капка која ја прелеа чашата беше одлуката на Јунајтед да учествува во Суперлигата.

„Можеме да разговараме за тоа што го видовме. Сакаме навивачите да нападнат, а потоа да откажеме натпревар? Не, не сакаме. Нема да седам овде и да ги критикувам навивачите на Манчестер Јунајтед бидејќи сум од Ливерпул. Пред две недели наши нашите навивачи се соодинија. Секогаш ќе има доста идиоти кои ќе направат нешто лошо. Сметам дека е добро мирно да се протестира против тоа што се случува во вашиот омилен клуб“, рече Карагер и продолжи:

„Секогаш ќе се најде некој кој ќе замине предалеку и тоа не само во знак на протест. Секогаш постои некој кој ќе направи нешто глупаво“.

Карагер нагласи дека фудбалот најмногу загуби.

„Сигурен сум дека денешната ситуација ќе доминира на сите вести. Тоа секогаш се случува со навивачите. Насекаде ќе се пушта видео клипови за наредите, но има многу навивачи кои прават добри работи. Поголем дел од навивачите на Манчестер Јунајтед беа мирни“, додаде Карагер.

Уште не е познато кога ќе биде одигран натпреварот на Олд Трафорд.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал