Фудбал
Солскјер после разочарувачкото реми: Не сме кандидати за титула
-
-
by
Panche Krsteski - 49 прегледи

Стратегот на Црвените ѓаволи е разочаран поради лесно примениот гол.
Примениот гол во петтата минута од судиското продолжение Манчестер Јунајтед испушти два бода против Евертон (3:3) и така остави можност за градскиот ривал и лидер во Премиер лигата за во случај во триумф нас Ливерпул да избега на пет бода разлика со натпревар помалку.
Пулените на Оле Гунар Солскјер прво дозволија на ривалот да се врати и да израмни после заостанување од 2:0, а потоа преку Доминик Калверт Луин да шокираат во продолжението. Добар дел од вината оди на душа на стратегот на Црвените кој во моментите кога делуваше дека Јунајтед ќе ја сочува предноста, на теренот го внесе Туанзебе, а минута подоцна направи прекршок и овозможи на гостите прекин од кој Јунајтед прими гол.
„Не зборуваме за освојување на титула. Не треба нас да не земаат во предвид како кандидати за титула, но тоа е ваше, новинарски дел од работата. Мораме да бидеме квалитетни како тим и мораме да прекинеме да им дозволуваме на ривалите лесни голови“, објасни тренерот на Јунајтед после натпреварот.
Испуштањето на два бода во судиското продолжение на претставува еден пех за екипата од Театарот на соништата.
Манчестер во текот на првите 45 минути го загуби Пол Погба кој мораше да биде принудно заменет.
„Делува како повреда на мускулот, бутот. Утре ќе видиме колку е сериозна ситуацијата. Се надевам не е преголема. Не можеше да продолжи и го заменив“.
Манчестер Јунајтед навистина беше подобар, убедлив ривал, но дозволи на незгодната екипа на Карло Анчелоти да профитираат од мал број на шанси.
„Во второто полувреме игравме добар фудбал, но примивме три гола од три удари во рамките, а тоа е секогаш разочарувачки“, заклучи Солсјкер.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 5 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 5 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
