Следете нè на:

Фудбал

“Tick tock tick tock“ на Ибрахимовиќ ги фрла навивачите во транс: Тоа значи само едно?

  • 2243 прегледи

Може да заигра против Јувентус.

Во Милан се надеваат дека Златан Ибрахимовиќ брзо ќе се врати на терен, а и самиот шведски напаѓач го наговести своето враќање со објава на друштвените мрежи.

Ибрахимовиќ ан 22 ноември се повреди во текот на мечот меѓу Милан и Наполи, па пропушти неколку важни натпревари, а не е познато дали ќе биде спремен за среда и дербито со Јувентус.

Неговата последна објава на друштвените мрежи дава надеж на Росонерите дека сепак ќе истрча на терен против својот некогашен клуб.

Ибра објави кратко видео од вчерашниот тренинг во Миланело со коментар: ‘Tick tock tick tock.’

Поранешниот напаѓач на Интер и Манчестер Јунајтед тренираше вчера одвоено, а Скај Спорт тврди дека надежите на навивачите на Милан се залудни, бидејќи се очекува Швеѓанецот да го пропушти дербито со Јувентус.

„Ибра е фокусиран и работи на своето опоравување, но не знам кога ќе биде спремен за игра“, рече Стефано Пиоли после победата на Милан во Беневенто од 2:0 во неделата.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал