Следете нè на:

Фудбал

Во Фудбалска Турција и дефанзивците бранат пенали (ВИДЕО)

  • 397 прегледи
Фудбалска Турција

Фудбалска Турција често знае да ни донесе бизарни моменти и неверојатни ситуации од терените во оваа земја, но изминатиов викенд, дефинитивно беше виден е еден од најоткачените пенали во историјата на оваа игра.

Станува збор за натпревар од турската Лига 2 (трет ранг), пресметка на која во самата завршница од мечот меѓу Ушакспор и Ергене главната улога на теренот ја презел главниот судија.

Истиот ни овозможи да видиме еден исклучително луд пенал, кој заврши со дури три одбрани и еден црвен картон.

Голманот Ерсин Ајдин на двапати го одбрани пеналот во 90-та минута, но на двапати беше опоменат од главниот судија и доби црвен картон.

Во продолжение, гостите добија шанса и за трет обид од белата точка, а кога се чинеше дека стоперот Левент Актуг е пред невозможна мисија, се случи сосема спротивното.

Дефанзивецот го одбрани и третиот пенал, а видеото брзо стана вирално во цел свет…

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал