Следете нè на:

Фудбал

Војна во Барса, позади се се крие Пеп?

  • 205 прегледи

Епилог?

Иљаиш Мориба е во војна со Барселона, а изгледа дека позади се се крие Манчестер Сити.

Наводно, младиот играч за врска ги одби сите понуди на Барселона за обнова на договорот поради повик од Пеп Гвардиола. Сити не планира да го плати ова лето, веќе во наредното да го доведе без оштета, поради тоа Мориба е спремен и целата сезона да ја помине на трибините.

Жоан Лапорта и јавно рече дека Мориба ќе  биде продаден, а ако одбие да замине, тогаш целата сезона ќе ја помине на трибините, поради тоа што неговите агенти го уценувале клубот.

Мориба поседува огромен талент, има само 18 години и минатата сезона имаше голема доверба кај Роналд Куман. И самиот Холанѓанец се огласи на ова тема, ка конференцијата воочи денешниот меч со Атлетик Билбао.

„Зборував со Иљаиш пред две, три недели и ситуацијата е катастрофална. Знам што клубот му понуди и како млад играч, го советував да не оди по пари. Сепак, изгледа дека тој и неговите агенти размислуваат подруго“, рече Куман.

Барса сака минимум 15 милиони евра за негов трансфер ова лето, се споменуваа РБ Лајпциг и Челси, но изгледа дека Мориба гледа само кон Гвардиола поради што е спремен да ја жртвува цела сезона.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Фудбал