Следете нè на:

Кошарка

Одредено кога почнува преодниот рок во НБА, кој ќе биде најголема ѕвезда?

  • 514 прегледи

Новата сезона нема да почне пред наредната календарска година, а ве кога слободните агенти ќе можат да ги менуваат клубовите.

Готова е историската НБА сезона 2019/20, завршена е во „меур“ во „Дизни светот“ во Орландо, турнир од затворен тип, на крајот се радуваа Лос Анџелес Лејкарс, кои предводени од Леброн Џејмс дојдоа до 17 титула во историјата, се израмнија со Бостон Селтикс како франшиза со најмногу титули во историјата.

Сега следи одмор, па НБА драф, кој е закажан за 18 ноември.

Стигна и потврда кога ќе почне ната наречениот преоден рок во НБА, тимовите со слободните агенти ќе може да потпишуваат од први декември.

Повеќе од интересна е листата на играчи кои ова лето ќе станат слободни агенти, а голем број на актрактивни имиња исто така имаат и опција да го раскинат договорот и да побараат подобри услови.

Меѓу играчите кои ќе имаат опција да го раскинат договорот се и Ентони Дејвис, тој со Лејкерси има можност на останување на уште една сезона, но за 28.8 милиони американски долари, додека како слободен агент може да добие околу 33 милиони долари.

Тој по победата во големото финале и првиот освоен прстен во кариерата остави енигма по прашањето за останување во Лејкерси, а се претпоставува дека управата на франшизата ќе направи се за да го задржи, и дека ќе му понуди договор каков што сака и заслужува.

Опција за ова лето да станат слободни агенти имаат и Гордон Хејвод од Бостон (околу 32 милиони долари), потоа Демар ДеРозан  од Сан Антонио (27.8 милиони донари), Ото Портер Жуниор од Чикаго (26.6 милиони долари), Андре Драмонд од Кливленд (25.4 милиони долари), како и искусниот Никола Батум (24 милиони долари), Тим Хардавеј Џуниор (17.7 милиони долари) и францускиот репрезентативец Еван Фурние (17 милиони долари).

Тоа се некои од атрактивните имиња меѓу играчите кои ова лето може да ја искористат опцијата и да станат слободни агенти (во заграда стои нивната плата за неодамна завршената сезона), исти случај и за продолжетокот на текстот).

Доаѓаме и до играчите кои сигурно ќе пробаат во слободните води, а ние, барем според примањата, ги предводи Пол Милсар од Денвер, кој во сезоната позади нас заработуваше токму 30 милиони долари.

Беше далеку најплатен играч во франшизата од Колорадо, со оглед на тоа какво влијание имаше во екипата, слободно можеме да кажеме дека на Нагетси падна голем терен од грбот.

Интересен за многу екипи ќе биде и Хасан Вајтсајд од Портланд (24.6 милиони долари), додека неограничено слободни (UFA) и Марк Гасол (22.6 милиони долари), кој разгледува и враќање во Европа, потоа Серж Ибака исто така од Торонто (21.6 милиони долари), Данило Галинари од Оклахома (21.5 милиони долари), Џеф Тиг од Атланта (19 милиони долари), како и Дерик Фејворс од Њу Орлеанс (18.8 милиони долари) и Бизмак Бијомбо од Шарлот (19 милиони), но и Кент Бејзмор од Сакраменто (17.5 милиони долари).

Љубителите на кошарката од овие простори ќе биде интересно каде кариерата ќе ја продолжи Горан Драгиќ кој исто така станува неограничено слободен, Словенецот во плеј офот блескаше и докажа дека може да биде многу важен штраф за екипа со шампионски амбиции.

Во Мајами остави длабока трага, голема штета е што се повреди во големото финале, ќе видиме дали ќе добие понуда да остане на Флорида или патот ќе го одведе понатака.

Маркус Морис од Клиперси за голем број на екипи може да претставува добро засилување, во сезоната позади нас заработувше 15 милиони долари, а извесно е дека големо зголување го чека и Фред ВанВилт, кој е голема желба на Њујорк Никс, тој во неодамна завршената сезона зараборуваше девет милиони долари.

Кога ќе ги погледнеме дека слободни агенти стануваат и Ибака и Марк Гасол, јасно е дека пред Репторси е многу важен период.

Иста плата како плејмејкерот на Торонто во сезоната позади нас има и репрезентативецот на Србија Богдан Богдановиќ.

Многу се зборуваше за неговата судбина, на маса има понуда од Сакраменто да ја продолжи соработката, но не прифати и ова лето станува слободен агент.

Кингси му понудија 50 милиони долари за четири години, како тоа го одби, јасно е дека може да добие многу повеќе, се зборува и за сума од 80 милиони долари за споменатиот временски период.

Секако ќе биде интересно да се види и каде кариерата кариерата ќе ја продолжи Џо Херис од Бруклин, но се шпекулира дека може да остане, како и Давид Бертанс, Вaшингтон по одличната сезона сака да го задржи на долги стази.

Монтрезл Харел веќе се споменува како мета на Мајами Хит,  играч кој е прогласен за најголем борец во НБА лигата позади нас, додека ограничено слободен станува Брендон Инграм, кој во сезоната зад нас ја доби наградата за играч кој многу напредуваше.

Тоа што е ограничено слободен значи дека Пеликанс може да ја израмни секоја понуда која ќе стигне на негова адреса.

Значи, не очекуваат многу промени, доста работи може да се случат и 18 ноември, кога е закажан драфот, некои нови млади играчи ќе влезат во најсилната лига на светот, а и тимовите сосема сигурно со трејдови ќе пробаат да се качат на драфт листата.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Кошарка