Следете нè на:

Останато

Конор Мекгрегор за 40 секунди го “патосираше” Сероне

  • 1091 прегледи

Конор Мекгрегор имаше успешен кам-бек во октагонот, откако денес запиша победа над Доналд Сероне на настанот УФЦ 246 во Лас Вегас.

Борбата траеше само 40 секунди и заврши со нокаут во полза на борачот од Даблин. Почетокот беше агресивен од двете страни, а Сероне веднаш доби неколку удари од кои не се опорави.

Конор Мекгрегор

Почетокот на крајот беше ударот со нога на Конор Мекгрегор, а потоа следуваше рутински крај на борбата, која уште во првата минута ја прекина судијата Херб Дин.

Следен предизвик за Ирецот би требало да биде Хорхе Масвидал кој подолго време го предизвикува и го очекува да се врати на спортот, или пак, Камару Усман, шампионот во „велтер“ категорија.

Конор Мекгрегор

Ирската ММА ѕвезда најави дека можеби ќе го чека подобриот од судирот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

Конор Мекгрегор

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Останато