Следете нè на:

EURO 2020

Македонија ќе мора преку два баража на СП во Египет

  • 675 прегледи

Македонија ќе има потешка задача да се пласира на следното големо ракометно натпреварување, Светското првенство (ЕП) во Египет во 2021 година, затоа што ќе мора да игра два бараж-натпревари.

Мундијалот во Египет ќе биде проширен, ќе играат 32 репрезентации, а системот на квалификации се менува. Европа на овој собир ќе има 14 претставника, а трите најдобри селекции на ова првенство ќе играат директно, заедно со светскиот првак Данска.

Првата рунда од баражот за Светското првенство се игра на 15/16 април, односно 18/19 април, додека втората рунда од баражот ќе биде на 5/7 или 9/11 јуни. Ждрепката за првиот плеј-оф ќе биде на 30 јануари во Виена.

Македонија го заврши настапот на Европското првенство 2020 година на петнаесеттото место, што е пресликан пласман како на Мундијалот во ланската година во Германија.

gol.mk

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од EURO 2020