
Светскиот и олимписки првак Данска ги загуби и теоретските шанси за пласман во втората рунда откако тоа не им го дозволи Унгарија со триумфот над Исланд вечерва. Унгарците го победија Исланд со 24:18 и го освоија првото место во групата, додека Исланѓаните се втори, па вечерашниот дуел меѓу Русија и Данска ќе биде само борба да се избегне „фенерот“.
Унгарците влегоа со многу проблеми на полувреме губеа со 12:9 меѓутоа во вториот дел ја стегнаа одбраната но и го засилија нападот па го добија вториот дел со 15:6, а со тоа и мечот. Унгарците ја завршија групата со пет бодови, Исланд со четири, Данска има еден, а Русија е без бодови.
Со тоа е комплетирана и групата 2 од главната рунда која ќе се игра во Малме, а ќе ја сочинуваат Исланд, Унгарија, Норвешка, Словенија, Шведска и Португалија. Унгарците, заедно со Норвешка и Словенија пренесоа два бода.


Не пропуштајте!
-
Фудбал
/ пред 5 месециЧекор до историја, Косово падна во Скопје
Косово падна во Скопје! Македонија е на еден чекор од историја. Момците на Игор...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 5 месециХАОС: „Бед блу бојс“ и „Торцида“ се истепаа пред училиште (ВИДЕО)
Хајдук се пласираше во осминафиналето на хрватскиот Куп со триумфот против Граничар од 2-1,...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаХокеар беше удрен со пак, па си ги собираше забите од мразот (ВИДЕО)
Во хокеј натпреварот помеѓу Вегас и Монтреал хокеарот Пол Стастни беше погоден со пак...
Напишано од OffsideInfo -
Останато
/ пред 1 годинаНЕВЕРОЈАТНО: Еве колку ќе зарабои Мекгрегор од мечот против Сероне
Според однапред договорените услови Конор Мекгрегор имаше загарантирани 2,3 милиони фунти од борбата со...
Напишано од OffsideInfo
