Следете нè на:

Тенис

L’Ekip: Ролан Гарос се одложува за седум дена

  • 353 прегледи

Вториот Грен слем турнир во сезоната Ролан Гарос ќе се одржи од 30 мај до 13 јуни, една недела подоцна од тоа што првобитно е планирано, пренесува француски L’Ekip.

Тоа значи дека паузата меѓу Ролан Гарос и Вимблдон ќе бидат само две недели доколку не дојде до поместување на календарот за седум дена понапред, што е многу малку веројатно. Прашање е како тоа ќе влијае на турнирите на трева кои претходат на ГС во Лондон.

Претходниот Ролан Гарос е одржан во октомври 2020 година – одложен поради пандемијата од коронавирус. На него по обичај блеска Рафаел Надал – ја освои 13 титула на париската земја обедливо во финалето победувајќи го првиот играч на светот  Новак Ѓоковиќ.

Франција поради епидемијата од коронавирус се наоѓа во трета блокада, а отворањето на земјата се очекува од средината на мај.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Тенис