Следете нè на:

Тенис

Завршни мастер- Останаа уште две места

  • 305 прегледи

И Циципас и Зверев осигураа место на Завршниот мастер.

Грчките и германските тенисери, Стефанос Циципас и Александер Зверев, обезбедија настап на Завршниот мастер од 15 до 22 ноември во Лондон.

Тие двајца така се придружија на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим и Даниел Медведев, додека уште две места се испразнети.

Циципас ја освои титулата минатата година кога стана најмлад победник на Завршниот мастер уште од Лејтон Хјуит во 2001 година.

Пред две години, во финалето во Лондон триумфираше Зверев и така стана прв германски тенисер од Борис Бекер во 1995 година, кој го подигна тој трофеј.

Заршниот турнир на најдобрите осум  тенисери ова година ќе прослави 50 годишнина.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Тенис