Следете нè на:

UEFA Nations League

“Орлите” го одработија тренингот: Тумбаковиќ одговори на прашањата за подготвеноста на Србија (ВИДЕО)

  • 211 прегледи

Националниот тим на Србија ќе го одигра првиот натпревар во Б Лигата на нации против Русија во четврток (20.45 часот) во Москва.

Непосредно пред последниот тренинг на „орлите“ на стадионот „Динамо“, на видео конференција, селекторот jубиша Тумбаковиќ и напаѓачот на Рубин од Казан, Деспотовиќ, одговорија на новинарските прашања.

Руски новинари беа заинтересирани селекторот Тумбаковиќ да ја процени подготвеноста на репрезентацијата на Србија за првиот натпревар оваа година.

– Тоа е филозофско прашање. Ние тренерите имаме увид во нивната физичка подготовка само кога ќе дојдат на подготовките. И во моментов тие се претежно во подготвителниот период – изјави српскиот селектор.

Тумбаковиќ беше запрашан и дали се консултирал со Бранислав Ивановиќ затоа што голем број на негови поранешни соиграчи од Зенит играат за рускиот тим, а Деспотивиќ игра и за Рубин од Казан.

– Не, немав контакт со Ивановиќ, ниту за тоа разговарав со Деспотовиќ и не го правам тоа. Имаме сопствен извиднички сервис, ги следевме нивните играчи и мислам дека имаме увид во нивната форма и начин на игра.

За квалитетите и силата на руската репрезентација

– Тие се многу добра репрезентација која го покажа својот квалитет на Светското првенство. Тие имаат заедништво, искуство, играчи кои се во зрели, убави години. Тие секако се едни од најдобрите репрезентации во моментот – изјави Тумбаковиќ.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од UEFA Nations League